Роџер Федерер не загубил од својата форма и покрај тоа што во оваа сезона има само два меча, совладувајќи го Узбекистанецот Денис Истомин со 6:2/6:4/6:3 по само час и половина од враќањето на неговата најслаба подлога во првото коло на Ролан Гарос.
39-годишниот Швајцарец, освојувач на рекордни 20 гренд слем титули (заедно со Рафа Надал), доби аплаузи и овации од публиката во Париз, по што покажа дека не заборавил да игра и да ја воодушевува публиката, што посебно беше јасно во фуриозниот прв сет во кој направи два брејка и имаше неколку потези кои предизвикаа бурна реакција.
Федерер има тешка ждрепка за своето враќање на гренд слем турнирите, бидејќи се наоѓа во истата половина со 13-кратниот шампион Рафаел Надал и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ. Федерер би „налетал“ на Ѓоковиќ во четврт-финалето.