Top Sport

Не е само „лошо момче“ – Конор со донација од 25.000 евра

Иако го следи имиџ на најконтроверзниот УФЦ фајтер на денешницата, кој тепа старци по пабови и само се обидува да ги провоцира своите противници, Конор Мекгрегор пред Божиќ ја покажа и другата страна на својот карактер, донирајќи 25.000 евра на добротворната организација „Инер сити“ за згрижување на бездомници во Даблин.

Донацијата на 31-годишниот Ирец вклучува и ваучер со кој ќе се поделат играчки на сиромашните деца во ирската престолнина, а „Инер сити“ му се заблагодари за донацијата во вистинско време кога температурите се ниски.

Мекгрегор се нема борено во УФЦ кафезот повеќе од една година, по поразот од Хабиб Нурмагомедов во октомври 2018 година на УФЦ 229, но се враќа во февруари со пресметка со Доналд „Каубој“ Серон.

Scroll to Top