Top Sport

Не е сѐ наместено, кечерките баш можат да бидат крвави (видео)

Ронда Роус овој викенд за првпат виде колку опасни повреди може да донесе професионален меч кај кечерките. Повредите ги доби во мечот со Шарлот Флеир каде на крајот од борбата беше удирана со кендо стап.

Флеир во мечот влегла како заменска противничка, по повредата која ја добила Беки Линч. Колку и да се знае дека во прашање е изрежиран боречки спектакл, она што може да се види при борбата е навистина крваво.

Ронда Роус на мечот „изеде ќотек“ на разни начини, а посебно болно изгледаше ситуацијата со столицата, по што Линч беше дисквалификувана, но и замената – Флеир продолжи во истиот ритам.

Погледнете:


https://youtube.com/watch?v=tvdl8la5MuQ

Scroll to Top