Top Sport

„Не ме пушташ во тоалет? Ќе мо..м во шише овде“

Денис Шаповалов и Јаник Синер, првиот ден на Австралија опен, го одиграа најдолгиот меч. Шаповалов го победи младиот Италијанец по три часа и 55 минути со 3:2 (3/6, 6/3, 6/2, 4/6, 6/4).

Покрај одличниот тенис што го демонстрираат двајцата, мечот ќе се памти и по дрската комуникација на Шаповалов со главниот судија.

По завршувањето на четвртиот срт, кога Синер израмнинна 2:2, Канѓанецот побара и не доби дозвола од главниот судија да оди во тоалет.
Незадоволен Канаѓанецот ја започнал расправата.

„Што ќе се случи ако одам во тоалет? Ќе ме казните? Не ме интересира. Што ќе се случи, ќе ме дисквалификуваш? Не можам да издржам, ќе се помо..м. Добро тогаш овде ќе го направам тоа, ќе мокрам во шише. Не им дозволуваш на тенисерите да одат во тоалет?“, лут бил Шаповалов.

На крајот, тој доби дозвола да оди во тоалет, по одиграни три гема во решавачкиот сет.

 

Scroll to Top