Францускиот тенисер Жил Симон вели дека Новак Ѓоковиќ мора да се помири со фактот дека ништо не може да му помогне навивачите да го сакаат како што тоа го прават за Роџер Федерер.
„Едноставно, морате да прифатите дека Роџер не е Роџер само за тенис, туку за цел свет. Тој е најсаканиот спортист, против него не можете да се борите. Дури и Ѓоковиќ да освои 22, 25 или 26 Гренд слем титули, тој тогаш ќе може да каже дека е најјак, но луѓето и понатаму повеќе ќе го сакаат Федерер“ изјави Симон за „Tennis Break News”.
Французинот опишува како изгледа инаетот на Ѓоковиќ, кој најчесто се забележува на УС-опен и Вимблдон, кога 20.000 луѓе се против него.
„На Вимблдон минатата година го видовте Новак кој заборави дека помалку го сакаат, па си кажа на себе `Во ред, сите сте против мене, сега сите ќе умрете, а јас ќе го е..м`. Тој тогаш е непобедлив, тоа се гледа во неговите очи“ – вели Симон.