Top Sport

Нема да гледаме тенис во 2020 година

Британскиот тенисер, кој настапува само во дубл, Кен Скупски смета дека кризата што ја предизвика вирусот КОВИД-19 ќе трае уште најмалку шест месеци. Сезоната во тенисот е суспендирана до 7 јуни, а прашање е дали и тогаш ќе се створат услови мечевите да се играат пред публика.

„Мое мислење е дека ова ќе трае најмалку шест месеци и дека воопшто нема да гледаме тенис до крајот на 2020 година“, рекол Скупски за „Дејли Мејл“.

Скупски кој во кариерата освоил пет трофеи во дубл смета дека сигурно не ад асе игра сезоната на трева подлога иако Вимблдон се уште не е откажан.

„Не верувам дека ќе се игра сезоната на трева, а прашање е и дали во август ќе се игра Ју-Ес опен. Мораме да бидеме реални, мораме да ја разберема оваа катастрофа што му се случува на светот“.

Сезоната во тенисот беше суспендирана на почетокот на март.

Scroll to Top