Top Sport

Нема двојна спринтерска круна – Колмен се повлече од 200 метри

Американецот Кристијан Колмен мораше да го напушти сонот за двојна спринтерска круна на СП во Катар, откако се повлече од трките на 200 метри поради „болки во бутниот мускул“.

23-годишниот Колмен не успеа физички да се опорави од шампионската трка на 100 метри, каде што истрча личен рекорд од 9.76 секунди за светска титула, прв голем трофеј во кариерата која ветува многу.

„Имаше болки во бутните мускули и не си замина од стадионот до 1 часот наутро. Денеска, едноставно немаше шанси да трча“, вели неговиот менаџер, Емануел Хадсон.

Без Колмен, прв фаворит за титулата на 200 метри е неговиот американски сонародник, Ноа Лајлс.

Scroll to Top