Top Sport

Дали ТВ-режисерот манипулираше со снимката за голот на Черишев (видео)

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) ги обвини ТВ-режисерите дека се „играле“ со ВАР снимките на голот на Денис Черишев со кој Валенсија во саботата стигна до 1:0 победа на „Сан Мамес“.

ВАР-системот одлучи дека Макси Гомез не бил во офсајд кога го добил додавањето од Родриго Морено пред голот на Черишев во 27. минута, кој на крајот се покажа како одлучувачки. Но, ТВ-снимките покажуваа дека Гомез е во офсајд, по што федерацијата реши да реагира со соопштение.

„Против вообичаените основни правила на етичко однесување, продуцентот на мечот реши да постави снимки од хипотетичка офсајд линија која не е иста како таа која ја одреди ВАР-системот. Овие снимки се без техничка поддршка и е маневар кој треба да постави многу прашања за нашиот систем и за судиите. РФЕФ ќе се жали до сите интернационални правни и фудбалски организации за да се корегира оваа ситуација“, се вели во соопштението на РФЕФ.

Дали имаше офсајд или не, проценете сами.

Scroll to Top