Top Sport

Нема гаранции дека ТдФ ќе се одржи

Министерката за спорт на Франција Роксана Марачинау рекла дека не е сигурна дека годинава ќе се вози „Туд д’Франс“.

Најпрестижната велосипедска трка во светот требаше да започне на 26 јуни но поради пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 е одложена. Според новиот план трката треба да се вози од 29 август до 20 септември.

„Многумина ме молеа да се одржи трката без публика…Навистина се надеван дека трката ќе се одржи, но не сум сигурна дека тоа е можно. Не знаеме каква ќе биде ситуацијата, никој не може да гарантира“, рекла министерката.

За потсетување француската влада донесе одлука сите спортски настани да бидат прекинати до 1 септември.

Scroll to Top