Top Sport

Нема граница за неверојатниот Дуплантис – светски рекорд со 6.20 метри!

Шведскиот феномен, Арманд „Мондо“ Дуплантис очекувано ја освои светската титула во сала во Белград, со неверојатно прескокнување на 6.20 метри, односно поставувајќи нов светски рекорд.

Во едно од најочекуваните натпреварување на СП, Дуплантис убедливо стана златен пред Бразилецот Тијаго Браз со 5.95 метри, додека бронзен беше Американецот Кристофер Нилсен со 5.90 метри.

Ова е четврти пат едноподруго Швеѓанецот да го руши светскиот рекорд, откако во февруари 2020 скокна 6.17 метри во Торуњ,Полска, по што имаше 6.18 метри во Глазгов истиот месец, па овој месец да стигне и до 6.19 метри во Белград на 7 март пред овој рекорд.

Scroll to Top