Сонот на Рони О’Саливен за рекордна осма титула на Мастерсот во Лондон заврши, откако Марк Ален одигра фантастично за да го победи со 6:1 во четврт-финалето.
Актуелниот шампион го освои првиот фрејм со брејк од 75, но тоа беше сè што направи во следните шест фрејма, што доаѓа изненадувачки откако О’Саливен во првото коло во понеделникот со 6:0 го „здроби“ Марко Фу.
Ален, кој доаѓа од Северна Ирска и е поранешен финалист од УК шампионатот, имаше брејкови од 65, 115, 85 и 81 за големата победа.
„Не му дадов вистински предизвик, да бидам искрен. Публиката секогаш сака тесни дуели, но овојпат го немаше тоа. Да, вистина е дека бев настинат, но ова е ментална игра, не физичка, така што нема изговори“, вели О’Саливен.
‘What a performance, what a snooker’
A remarkable day of snooker.
Mark Allen has beaten defending champion Ronnie O’Sullivan 6-1 pic.twitter.com/7QRSI5mfeg
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 18, 2018