И покрај тоа што ги загрижи фановите со повреда на ногата, Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, декласирајќи го својот бугарски противник, Григор Димитров со 7:6(7)/6:3/6:3, за да обезбеди дуел со австралискиот талент Алекс де Минаур.
Дека физичката подготвеност на деветкратниот шампион од Мелбурн не е највисоко ниво најдобро се виде во првиот сет, во кој иако имаше 5:3 предност со еден брејк, дозволи противникот да се врати и да има две сет-топки при 6:5, пред во тај-брејкот да ја добие почетната предност по дури 77 минути игра. Веднаш откако го освои сетот, Ѓоковиќ легна на теренот, а потоа го повика и својот медицински тим да интервенира.
Но, како што се движеше мечот, така растеше и неговата самоверба и тој направи два брејка за лесно да стигне до 2:0 предност во сетови, за и во третиот сет да направи два брејка за победа по 3 часа и 7 минути игра.
Ова беше 24-та победа едноподруго на Австралија опен за Ѓоковиќ, серија која трае од 2019 година и која е трета најдобра во историјата – самиот Србин имаше 25 побеи од 2011 до 2014, а Андре Агаси победи 26 пати од 2000 до 2004.
Djokovic battles past Dimitrov to reach the last 16!
He's coming for the 🏆#AusOpen pic.twitter.com/XBAJsvHPF9
— Eurosport (@eurosport) January 21, 2023