На најновата ВТА тениска листа нема поместувања кога се работи за првите три позиции на табелата. Во тек на Ролан Гарос, првото место во светот на тенисо кај дамите и припаѓа на Јапонката Наоми Осака (21), втора е Каролина Плишкова (27)од Чешка, додека трета на листата и понатаму е Романката Симона Халеп (27).
На четвртата позиција кај дамите се најде Кики Бертенс (27) од Холандија, петта е Германката Анжелик Кербер (31) која вчера сензационално уште во првото коло беше елиминирана во Париз од 18-годишна руска тенисерка.
Шестата позиција на ВТА листата е за Петра Квитова (29) од Чешка, седма е Американката Слоун Стивенс (26). Последните три позиции од првата десетка кај жените им припаѓаат на Ешли Барти (23) од Австралија, на Украинката Елина Свитолина (24) , а на десеттата позиција во моментов е легендарната Американка, Серена Вилијамс (37).
<
blockquote class="twitter-tweet" data-lang="en">
Ladies and Gentlemen, No.☝️ seed @Naomi_Osaka_ #RG19 pic.twitter.com/9nBsrGHnAq
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 23, 2019