Top Sport

Нема трофеј за новата тенисерка број 1

Французинката Каролине Гарсија ја освои својата втора титула едноподруго, откако ја изненади новата светска тенисерка број 1, Романката Симона Халеп во финалето на Кина опен во Пекинг.

Гарсија, играјќи во најдобрата форма во својата кариера, стигна до победа од 6:4/7:6(3) за да ја додаде кинеската титула на таа од Вухан опен минатиот викенд, со што сега има пет титули во кариерата.

Нејзината победа е уште поимпресивна ако се знае дека таа имаше повреда на ногата поради која честопати добиваше медицинска помош во мечот, а во четврт-финалето победи во три сета во меќ кој траеше до полноќ.

За Халеп ова е ново разочарување, иако ќе се утеши со првото место на ВТА листата од понеделник, заменувајќи ја шампионката од Вимблдон, Шпанката Гарбиње Мугуруза.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top