Рускиот предизвикувач, Јан Непомњашчиј вели дека ќе го стави своето пријателство со актуелниот шаховски „крал“ Магнус Карлсен на пресметката во Дуаби вредна 2 милиони долари.
„Кога ќе седнеш пред шаховската табла, немаш пријатели“, изјави Непомњашчиј за дуелот со Карлсен.
Русинот е аутсајдер кај обложувалниците, бидејќи норвешкиот ас Карлсен веќе една деценија е најдобриот шахист на светот, а откако го победи Виши Ананд за титулата во 2013, двапати ја одбрани круната. Ако го победи и Непомњашчиј, Карлсен ќе биде споменуван покрај Гари Каспаров и Боби Фишер како најдобар шахист на сите времиња.
Иако ова е прв дуел за светската титула меѓу двајцата, тие се пријатели и ривали од настапите на У-12 шаховските турнири. Непомњашчиј беше подобар во првите дуели, но потоа доби репутација дека е „талентиран, но не постојан“, и најголем успех му е европската титула во 2010.
Партиите ќе бидат со „класично“ мерење на времето, со што двајцата ќе добијат три-четири часа да ги завршат своите потези. Ќе има вкупно 14 партии, а првиот кој ќе освои 7.5 поени ќе добие 2 милиони долари, но ако заврши 7:7, ќе има плејоф а поделбата на парите ќе биде 55-45.
“Once you sit at the board, you have no friends.”, Ian Nepomniachtchi at the #FIDEmatch2021 about his friendship with Magnus Carlsen.
?: @IM_Rosen pic.twitter.com/AV5VIU64tJ— International Chess Federation (@FIDE_chess) November 24, 2021