Top Sport

Јунајтед го „одлепија“ Солскјер од „Олд Трафорд“, ПСЖ ги одби за Почетино

Муралот на Оле Гунар Солскјер беше „скинат“ од „Олд Трафорд“ по отказот за норвешкиот тренер, кој вкупно собра 28 милиони фунти за трите сезони без трофеј од англискиот гигант, кој во моментов е во „лов“ на нов тренер.

Само три дена по отказот за 48-годишниот Солскјер, неговиот мурал беше отстрануван од работниците на страната на трибината „Сер Мет Базби“.

Во исто време, информациите од Франција и Англија тврдат дека првиот приод на Јунајтед за нивниот посакуван тренер Маурисио Почетино бил одбиен од Пари Сен-Жермен, така што за него ќе мораат да почекаат барем до летото.

Во исто време, англиските медиуми велат дека има повеќе тренери во игра за „приврмената“ позиција од крајот на сезоната – Ралф Рангник, Ернесто Валверде, Руди Гарсија, Пауло Фонсека и Лусиен Фавр, ако некој од нив се нафати за работа од половина сезона.

 

Scroll to Top