Рафаел Надал ја освои 11.титула на Ролан Гарос. Шпанецот во финалето за два часа и 42 минути го победи Австриецот Доминик Тим со 6::4, 6:3, 6:2. За победата во финалето Надал ќе биде награден со 2,2 милиони евра.
Надал уште еднаш потврди дека е најдобриот во историјата на земјана подлога, ја освои 11.титула во Париз, вкупно 17.на гренд слем турнирти. На вечната листа пред него е само Роџер Федерер кој има 20 гренд слем трофеи.
Шпанскиот тенисер рутински се справи со 24-годишниот Австриец, кој веројатно беше премногу импресиониран од својот прв настап во едно гренд слем финале.
Тим имаше проблеми со сервисот, а најголем отпор на фаворитот му пружи во првиот сет. Останатите два сета Надал ги одработи во голем стил. Во четвртиот гем од третиот сет го повреди прстот, но ниту тоа не го спречи да забележи победа.
Надал во финалињата на Ролан Гарос има загубено само шест сета.