Адвокатскиот тим на Ник Кирјос се огласи поради наводите во медиумите дека австралискиот тенисер е обвинет за физички напад врз поранешната девојка Кјара Пасара минатата година.
Адвокатите на четвртфиналистот на Вимблдон истакнаа дека ваквите наслови се неточни.
„Во овој момент, судот тие наводи не ги смета за факти, затоа господинот Кирјос не е обвинет до првото појавување пред судот“, велат тие и додаваат дека ваквите наслови може да доведат до недоразбирања во јавноста.
Кирјос има рок до 2.август да се појави на рочиштето за случајот. Доколку се докаже вината, максималната казна е две години затвор.
Дотогаш Кирјиос настапува на Отвореното првенство на Англија каде попладнево во четвртфиналето ќе се соочи со Кристијан Гарин.