Top Sport

Неуништлив е – Дел Потро им се врати на тренинзите (видео)

Поранешниот шампион од САД опен, аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро почна со тренинзи по неполни две недели откако направи операција на коленото.

По четвртиот оперативен зафат врз Аргентинецот, тој веќе им се врати на тренинзите.

Поранешниот трет светски тениски рекет на друштвените мрежи постави видео од вежбална на кое се гледа како тој ја враќа својата кондиција.

Тој неодамна имаше операција на двата рачни зглоба, а последниот меч го одигра во јуни 2019 година во Квинс, Лондон. Сепак Дел Потро е голем борец и не се предава.

Неофицијално 32-годишниот тенисер сака да биде подготвен до летото за да настапи на Олимписките игри во Токио.

Еве како изгледаат неговите тренинзи:

Scroll to Top