Американскиот тенисер со „најтениско“ име, Тенис Сандгрен, вели дека не ги исполнувал „критериумите за популарност“ за да добие дозвола да игра на Австралија опен, иако и тој е невакциниран за КОВИД како светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, кој доби медицинска дозвола да настапува во Мелбурн.
Сандгрен, кој двапати играше во четврт-финалето на Австралија опен, се повлече од овогодишниот турнир поради обврската за вакцинирање, но за разлика од Ѓоковиќ, тој не побарал медицинска дозвола да настапи. 96-рангираниот Сандгрен вели дека „не ги исполнувал критериумите“ за да добие медицинска дозвола.
Откако медиумите објавија дека тој е лут на одлуката на Австралија опен да му дозволи на Ѓоковиќ да игра во Мелбурн, тој се јави на Твитер со кратка порака: „Какви тврдења, се надевам дека ќе го освои еб.ниот турнир“.
What claim? Fucking clickbait bullshit
Hope he wins the whole thing ?? https://t.co/aFgKbxOEk6
— Tennys Sandgren (@TennysSandgren) January 4, 2022