Невкацинираните сепак ќе можат да се натпреваруваат на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен. Ова е спротивно од најавите дека владата на сојузната австралиска држава Викторија, нема да им дозволат влез во државата на оние кои не се вакцинирани.
ВТА, добиле писмо, во кое се наведени правилата за вакцинираните и невакцинираните.
Сите оние кои примиле две дози вакцина, ќе можат да се движат без ограничувања. Единствено ќе мора да се тестираат 72 часа пред да влезат во Австралија и ќе мора да направат еден тест 24 часа по пристигнувањето во државата.
Правилата за невакцинираните се ригорозни. Ќе мора да се тестираат пред и откако ќе влезат во Австралија. Кога ќе влезат во државата веднаш ќе бидат изолирани. Изолацијата ќе трае две недели. Покрај тоа тие ќе мора редовно да се тестираат и нивното движење ќе биде ограничено.
Овие информации се уште се неофицијални, се очекува наскоро да бидат потврдени од владата на Викторија.