Top Sport

Вујовиќ: И натаму мислам дека Раул е тактички подобар од Червар

Веселин Вујовиќ е врвен тренер, мотиватор чии коментари секогаш привлекуваат големо внимание. Еден таков коментар, пред мечот на Македонија и Хрватска во првата фаза на СП, дека Раул Гонзалес тактички подобар тренер од Лино Червар ја подели јавноста.

Вујовиќ стои на својот став и по синоќешната брилијантна победа на Хрватска над Шпанија, со која си обезбеди четири бода за главната фаза.

„Пре натпреварот на Хрватска и Македонија за ‘Index.hr“ напишав дека адут на Македонија треба да биде брилијантната тактичка подготвеност на македонскиот селектор Раул Гонзалес. Хрватска ја декласира Македонија, но јас нема да го сменам мислењето само поради тој еден натпревар. Лино е врвен тренер, освоил се што може да се освои и тој не мора да се докажува. Можеби некои погрешни ги интерпретираа моите зборови. Никогаш не сум напишал дека Лино е лош тактичар, само сметам дека Раул е тренер кој има повеќе опции и варијанти во подготовка на натпреварите, додека Червар може да се предвиди што ќе направи. Меѓутоа Червар од оваа екипа направи фантастично друштво, створи хомогена репрезентација која делува подобро него лани во Хрватска на ЕП. Тое е енергија на шампионите“.

Вујовиќ смета дека во втората фаза Хрватска влегува како сериозен кандидат за пласман во полу-финалето, а очекува „коцкестите“ да играат во финалето против Данска. Според него Хрватска и Данска досега најмногу покажале на ова СП.

Вујовиќ: Македонија тактички е подобра од Хрватска

Scroll to Top