Руската гренд слем дебитантка, 20-годишната Варвара Грачева го имаше можеби најшокантниот камбек во историјата на гренд слем тенисот, откако губеше со 6:1/5:1 од Французинката Кристина Младенович и на крајот да победи со 1:6/7:6/6:0.
Грачева при 5:1 направи брејк за да се врати во игра, но веќе во следниот гем Младенович пропушти четири меч топки. Грачева успеа да примора тај-брејк, во кој доминираше против очигледно „потресената“ противничка, за на крајот да го освои третиот сет без загубен гем.
Следна за талентираната Русинка е Хрватката Петра Мартиќ во третото коло.
All. Time. Comeback.
All. Time. Comeback.Down 6-1, 5-1, and four match points, 20-year-old ?? Varvara Gracheva rallies to stun Mladenovic ? pic.twitter.com/qO9ZLdC33e
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2020