Top Sport

Неверојатно – сите тркачи на 400 метри беа дисквалификувани! (видео)

Сите тркачи, вклучувајќи го најбрзиот човек оваа година, беа дисквалификувани во бизарната квалификациска трка на 400 метри на вториот ден на Светското првенство во сала во Бирмингем.

Брејлон Теплин од Гренада беше меѓу дисквалификуваните, иако ја победи трката со време од 46.37. Но, судиите оценија дека Темплин излегол од својата тркачка линија, заедно со тројцата тркачи кои ја завршија трката – Јамајчанецот Стивен Гејл, Летонецот Аустрис Карпинскис и Алонзо Расел од Бахамите. Уште еден тркач, Катарецот Абдалелах Харун претходно имаше погрешен старт и беше дисквалификуван.

Ова е првпат во историјата на големите натпреварувања во една трка сите тркачи да бидат дисквалификувани.

Фото: ЕПА

Scroll to Top