Колеџ тимот на Универзитетот во Мисисипи, попознат како „Оле Мис“ пропушти неверојатна шанса за победа на локалниот „Голден ег“ боул, и најодговорен за ова е ресиверот Илајџа Мур и неговата прослава на тачдаун како куче што уринира.
Мур фати додавање од две јарди за тачдаун од квотербекот Мет Корал на четири секунди пред крајот за да ги доближи Оле Мис на само еден поен од Мисисипи стејт, но наместо да добијат шанса да шутираат за гол од поле од екстремна близина, тие беа казнети 15 јарди за прославата на Мур, по што шутерот Лук Логан го утна поенот!
Иако не беше гарантирано дека Логан ќе погодеше од помала далечина, тој има 95.7 отсто успешнот во екстра поените во својата тригодишна колеџ-кариера.
This Egg Bowl ending was INSANE ?
Ole Miss scored with 4 seconds left and had a chance to tie the game with the PAT.
After a flag for the excessive celebration moved the PAT back, the kicker missed wide right and Mississippi State held on to win the Egg Bowl 21-20. pic.twitter.com/z4U7c8JukQ
— ESPN (@espn) November 29, 2019