Top Sport

Невремето го одложи машкиот велеслалом во Зелден

Силното неврeме ја одложи првата трка во новата сезона во машка конкуренција, велеслаломот во Зелден.

Видливотоста на глечерот Ретенбах поради силниот ветер и врнешите од снег била исклучително лоша, поради што организаторите биле принудени да го одложат велеслаломот.

Мажите сезоната во Светскиот куп ќе ја отворат на 12 ноември кога ќе возат слалом во Леви, Финска.

Новата сезона во женска конкуренција беше отворена вчера со велеслаломската трка во женска конкуренција на која победи Викторија Ребензбург пред Теса Ворли и Мануела Мелг.

Scroll to Top