Top Sport

Клаузулата за откуп на договорот на Мертенс е смешна

Најдобриот играч на Наполи би можел да го напушти клубот за мизeрна сума на пари. „Газета дело Спорт“ објави дека откупната клаузула во договорот на Метртенс изнесува 28 милиони евра.

Наполи се уште не му понудил нов договор на Белгиецот, бидејќи според шпекулациите тој сакал да ги разгледа потенцијалните понуди.

Сепак во Неапол се надеваат дека иако игра во одлична форма, понуди нема да има бидејќи во 2018 тој ќе наполи 31 година.

Без оглед на годините Мертенс игра во неверојатна форма, минатата сезона постигна 34 гола на 45 натпревари, а оваа сезона 11 пати бил стрелец на 15 одиграни натпревари.

Договорот на Мертенс со Наполи истекува во јуни 2020 година.

Наполи го има Дрис Мертенс!

Scroll to Top