Top Sport

Незапирливиот Кобајаши со победа во Оберстдорф на стартот на „Четири скокалници“ (видео)

Jапонецот Рјоју Кобајаши, актуелниот шампион од Светскиот куп во скијачки скокови, како и актуелен шампион од новогодишната турнеја „4 Скокалници“, покажа дека ќе биде тешко некој да го сопре и овојпат, откако со доминантни два скока триумфираше на првата скокалница во Оберстдорф.

Кобајаши имаше скокови од 138 и 134 метри за да собере 305.1 поен од германската скокалница за да го победи домашниот фаворит Карл Гајгер, кој беше втор со 295.9 поени со скокови од 135 и 134 метри. Последното место на подиумот отиде кај Полјакот Давид Кубацки со 294.7 поени (132 и 133 метри).

Во топ 5 беа и Австриецот Штефан Крафт и Полјакот Пјотр Жила, по што следуваа Филип Ашенвалд (Австрија), Јукија Сато (Јапонија), Роберт Јохансон (Норвешка), Домен Превц (Словенија) и Мариус Линдвик (Норвешка). Следната станица на „4 скокалници“ е традиционалното новогодишно натпреварување на големата скокалница во Гармиш-Партенкирхен.

Scroll to Top