НФЛ тимовите ќе бидат финансиски казнети ако нивните играчи не стојат за време на изведувањето на американската химна на теренот, се утврдува во новиот колективен договор во спортот.
Доколку некој сака да протестира на било каков начин, тоа ќе треба да го направи со останување во соблекувалната, се вели во промената на правилата усогласени од сопствениците на лигата, објави комесарот Роџер Гудел.
„Оваа сезона, сите вклучени во натпреварот ќе стојат и ќе покажат почит кон знамето и кон химната. Тие кои нема да стојат за химната, можат да останат во соблекувалната. Со оваа одлука фокусот треба да се постави на спортот и на неверојатните спортисти“, се вели во соопштението.
НФЛ се мачи со проблемот со протестите со химната од август 2016, кога поранешниот квотербек на Сан Франциско 49ерс, Колин Кеперник реши да седи за време на химната во знак на протест за расната нееднаквост. По, ова и други играчи се решија на сличен протест, а со своја осуда се вмеша и американскиот претседател, Доналд Трамп.
Одлуката на НФЛ го навлече бесот на Асоцијацијата на играчи (НФЛПА), кои сметаат дека ова е во спротивност со претходните заложби на НФЛ за „принципите, вредностите и патриотизмот“. НФЛПА најави тужба ако политиката се коси со колективниот договор.