Top Sport

Нгану едвај чека да стане шампион и да заработува милиони (видео)

Камерунецот Френсис Нгану вели дека очекува да заработи над 500.000 долари за вечерашниот меч против УФЦ шампионот во тешка категорија, Стипе Миочиќ на УФЦ220 во Бостон, со што ќе се комплетира неговата неверојатна животна приказна.

Нгану е роден во Камерун, каде што работел како ѕидар, пред илегално да се пресели во Франција. 31-годишниот Нгану стана познат по фуриозните нокаути, освојувајќи ги првите шест УФЦ меча со нокаути за да стигне до шанса да го предизвика шампионот, Американецот со хрватско потекло, Стипе Миочиќ.

„Мојот раст на рејтинг-листите беше експресен, но бројките не следеа и не заработив милиони. Парите ме чекаат, исто како и титулата“, вели борецот со прекар „Предатор“, кој е неочекувано фаворит кај обложувалниците.

Од другата страна во октагонот ќе биде 35-годишниот Миочиќ, кој за разлика од Нгану беше „посмирен“ во изјавите пред мечот, освен кога ги обвини УФЦ дека посакуваат тој да загуби и го фаворизираат Камерунецот.

Покрај главната работа како УФЦ ѕвезда, Миочиќ останува посветен на својата работа како пожарникар-волонтер, работејќи во две пожарникарски станици во близината на Кливленд.



Scroll to Top