Top Sport

Нгану го предизвика Џонс: Браво, Џони бој, поздрав од кралот

Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија, Френсис Нгану се потсмеваше со неговиот наследник, Џон Џонс, по победата над Сирил Ган на УФЦ 285.

Џонс по три години пауза се врати во УФЦ за да ја освои титулата која остана „слободна“ бидејќи Нгану ги одби сите понуди од УФЦ и замина од федерацијата. Џонс со титулата влезе во елитната група на фајтери со титули во различни категории откако со години доминираше во средно-тешката категорија, но Нгану очигледно не го признава тоа.

„Добра работа, Џони бој. Искрено, од кралот во тешка категорија“, напиша Нгану на Твитер.

Џонс бргу му одговори на Нгану.

„Френсис е голема п.чка. Толку мускули, а вистинска п.чка“, изјави Џонс.

Scroll to Top