Top Sport

Нигеријка освои злато во теквондо во осми месец од бременоста!

Нигериската спортистка Аминат Идрис освои златен медал на Националниот спортски фестивал во нејзината татковина, доминирајќи во пумсае категоријата во теквондо, иако е во осми месец од бременоста.

Видеото од програмата на 26-годишната Идрис стана хит на Интернет и покрај критиките дека не требала да го става во опасност своето неродено дете.

„Пред да забременам, уживав во тренинзите, и работите не се сменија и откако станав бремена. Тие кои критикуваат всушност не знаат што е теквондо и треба да ги едуцираме. Теквондото има две гранки – борбениот спорт и пумсае, што е во основа тип на тренинг со покажување на техниката на рацете и нозете“, вели Идрис.

Scroll to Top