Казахстанскиот тенисер Александар Бублик (25) во неделата го загуби финалето на турнирот во Њупорт, САД и одржа говор што веројатно никогаш не сте го слушнале на тенискиот терен. Присутните и неговиот противник Американецот Максим Креси, кој триумфираше со резултат 2:6, 6:3, 7:6, не знаеја како да реагираат на изјавата на Бублик.
„Па… Да бидам искрен со вас, нема многу што да се каже. Многу сум вознемирен поради исходот, но би сакал да му честитам на Макс за освојувањето на првата титула“, рече Бублик, а потоа се сврте кон својот ривал и додаде: „Имаше среќа. Сите пари што ги освои на турнирот стави ги на црвено, те молам. Ќе добиеш многу пари“.
LMAO absolutely classless runner up speech by Alexander Bublik. You NEVER see this pic.twitter.com/otPWD1Ob6g
— Dan Wolken (@DanWolken) July 17, 2022