Завршниот мастерс во сезоната ќе започне во недела, во Торино. На турнирот учествуваат осуммината најдобри оваа сезона.
Ѓоковиќ, Рубљов, Циципас и Зверев се во Зелената група, а Медведев, Зверев, Хуркач и Беретини во Црвената група.
Поранешниот олимписки шампион Марк Росе, истакнува дека ова е најслабиот Мастерс во последните неколку години.
„Има неколку нови фаци, што дава надеж дека ќе биде атрактивно. Меѓутоа нема возбуда каква што имавме кога се играше во Лондон. Луѓето сакаат да ги видат великаните Федерер, Надал, Мареј, Вавринка…Не сакаат да ги гледаат овие момци, кои овде се најдоа благодарение на резултатите постигнати на турнирите од серијата 250. Да бидам искрен, не се сеќавам кога на завршниот мастерс конкуренцијата била толку слаба“, рекол Росе.
Само двајца од учесниците имаат освоено гренд слем титула, Новак Ѓоковиќ (20) и Данил Медведев (1).
„Она што ќе го гледаме оваа година нема врска со она што треба да претставува овој турнир. Хуркач, Руд, Рубљов, тие немаа никакви резултати на големите турнири“.