Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев го продолжи договорот со словенечкиот тим Ах Волеј Љубљана за дополнителни две сезони. Одличните игри и неговото искуство беа препорака за продолжување на соработката и во наредниот период.
„Исклучително сум среќен што се договоривме со клубот за продолжување на соработката. Организацијата во клубот е феноменална. Ние, играчите сме фокусирани само на натпреварите, што е клуч за успехот. Главна цел е да ја освоиме титулата и да потврдиме дека сме најдобри“, изјави капитенот на македонскиот национален тим, Никола Ѓоргиев.