Откако Александер Зверев уште еднаш покажа дека е во криза со пораз во првото коло на Вимблдон, „жртва“ на тревнатиот гренд слем беше и грчкиот талент, Стефанос Циципас, кој загуби во пет сета од Италијанецот Томас Фабијано.
Циципас во тај-брејкот во четвртиот сет спаси две меч-топки, по што во петтиот сет пропушти три брејк-топки, пред да загуби со 6:4/3:6/6:4/6:7/6:3. Следен за Фабијано, кој има одлична сезона е најстариот тенисер на турнирот, Хрватот Иво Карловиќ.
Сонародникот на Фабијано, Паоло Лоренци не успеа да направи ваква сензација, откако младиот Русин, Данил Медведев стигна до 6:3/7:6(2)/7:6(2) победа. Во второто коло е и Милош Раонич, откако Канаѓанецот немаше мака и со 7:6(1)/6:4/6:2 го победи Индиецот Праџнеш Гунесваран, светскиот рекет број 93.
A five-set thriller!
After three hours and 22 minutes, Thomas Fabbiano beats No.7 seed Stefanos Tsitsipas on a day of shocks at #Wimbledon pic.twitter.com/5BaHsiYG57
— Wimbledon (@Wimbledon) July 1, 2019