Top Sport

Нискорангираните тенисери бараат финансиска помош

Иако во професионалниот тенис се заработуваат неверојатни суми на пари, тенисерите со понизок рејтинг побараа парична помош за време на пандемијата корона вирусот, откако сега немаат никаков извор на приходи.

Повеќе од 700 тенисери ја потпишаа петицијата која ја започна грузиската тенисерка Софија Шапатава, која посочи дека по прекинот на тениските турнеи многу од тенисерите се на работ на банкрот.

„Професионалните тенисери низ целиот свет престанаа со натпреварувањата, а додека најдобрите имаат ресурси со кои можат да се оддржуваат со месеци или години, нискорангираните тенисери страдаат. Многумина нема да имаат за јадење, а потоа ќе треба да се вратат на натпреварувањата по три или повеќе месеци. Обично се заработува од страна со тренирање на млади луѓе, но во моментов и тоа е пресекнато“, вели 371-рангираната тенисерка.

Scroll to Top