Top Sport

Ноа Лајлс стана четвртиот најбрз човек на 200 метри (видео)

Американецот Ноа Лајлс покажа дека е во фантастична форма, откако истрча 19.50 на 200 метри на митингот од Дијамантската лига во Лозана, Швајцарија, со што е четврт најбрз човек во спринтерската дисциплина.

Ова време е осмо најбрзо во историјата и најдобро во последните седум години. Досега, побрзи од него биле само светскиот рекордер Јусеин Болт, неговиот јамајчански сонародник Јохан Блејк и американската легенда Мајкл Џонсон.

Лајлс се врати по реткиот пораз во дисциплината од сонародникот Мајкл Норман во Рим минатиот месец и покажа дека ќе биде прв фаворит за титулата на Светското првенство во Доха во октомври.

Еквадорецот Алекс Квинонез беше втор со национален рекорд од 19.87, додека трет беше канадскиот олимписки вице-шампион Андре де Грасе со 19.92.

Scroll to Top