Белгиецот Тјери Нојвил се врати во борбата за титулата во Рели ВРЦ шампионатот, остварувајќи ја првата победа на Хјундаи оваа сезона на драматичното Сардинија рели, одбележано со дожд во текот на трите дена.
Нојвил со својот со-возач Мартијн Видеге мирно ги поминаа четирите неделни етапи, за на крајот да победат со 33 секунди предност пред уште еден возач на Хјундаи, Есапека Лапи. Актуелниот шампион и лидер во генерален пласман, Кале Рованпера беше трет со 1:55.3 секунди послабо време и сега има 25 поени предност пред Нојвил во генерален пласман.
Нојвил ја презеде контролата на трката во саботата попладне, откако дотогаш Лапи и Себастиен Ожие се бореа за лидерската позиција. Осумкратниот шампион Ожие ја аконтролираше трката додека не го оштети ладилникот на својата Тојота, а потоа направи грешка и излета од патеката.
#WRC – Thierry Neuville claims Sardinia glory 🇮🇹
Read more: https://t.co/MVF4tZDzC6@OfficialWRC | #RallyItaliaSardegna pic.twitter.com/IKcK4L5p9z
— FIA (@fia) June 4, 2023