Јужноафриканецот Золани Тете постави нов рекорд по брзината на нокаут, откако за само 11 секунди го „суреди“ Сибонисо Гоња во меч во Белфаст, Северна Ирска.
29-годишниот Тете го „погоди“ Гоња со неверојатен удар во „ССЕ арената“ за да ја задржи ВБО титулата во бантам категорија.
Судијата реши да го прекине мечот по 11 секунди, подобрувајќи го рекордот од 17 секунди кој важеше од 1994 кога Даниел Хименез го нокаутираше Харад Гаер. Гоња по нокаутот доби медицинска помош и маска со кислород.