Top Sport

Нокаут за 18 секунди, топ – увертира за мечот на вечерта

Во исчекување на мечот на вечерта, па и на годината во УФЦ 254 меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гетџи, љубителите на овој спорт беа сведоци на брутален нокаут за само 18 секунди. Тоа се случи на мечот меѓу Фил Хејвс и Џејкоб Малкоун.

Хејвс е дебитант во УФЦ, но се претстави на величенствен начин, за него допрва ќе се зборува.

По 15 секунди од стартот на борбата со серија удари го „уништи“ противникот, па веќе во 18-тата секунда судијата ја прекина борбата.

Погледнете:

Scroll to Top