Точно една година помина од трагичната хеликоптерска несреќа во која меѓудругите животот го загуби и кошаркарскиот ас, Коби Брајант – трагедија која го здрма спортскиот свет. Веста за трагедијата на Коби, српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ го затекна на Австралија опен.
„Тој е еден од најголемите спортисти на сите времиња, ме инспирираше мене и многу други. Ја имав таа среќа да имам одличен однос со него, ми беше поддршка кога ми беше потребно, ми даваше совети, секогаш беше тука. Тој беше мојот ментор, мој пријател“ рече Ѓоковиќ пред 366 дена.
Српскиот тенисер се сети на својот пријател и на 23 август минатата година кога Коби требаше да го прослави својот роденден. Ноле на Коби се сети и денеска, на денот кога замина во вечноста.
На Инстаграм сподели фотографија од нив двајцата со краток опис на англиски и на италијански:
„Засекогаш Мамба. Те сакам, пријателе мој“.