Најдобриот британски тенисер, Камерон Нори се пласираше во своето прво гренд слем полуфинале, откако во уште еден драматичен сет во пет меча со 3:6/7:5/2:6/6:3/7:5 го совлада Белгиецот Давид Гофан по 3 и пол часа игра, за да обезбеди мега-пресметка со Новак Ѓоковиќ за пласман во големото финале.
Играјќи пред војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт Мидлтон, Нори стана само четвртиот Британец во Опен ерата кој се пласирал во полуфинале на Вимблдон. Тој е првиот Британец по Енди Мареј во 2016 година во полуфиналето, враќајќи се од сет негатива, иако не доби чест да игра на „Централниот терен“.
Претходно, 34-годишната Татјана Марија го продолжи настапот од соништата на Вимблдон, победувајќи ја германската сонародничка Џул Нимаер со 4:6/6:2/7:5 за свој најголем успех во кариерата. Марија е првата мајка на две деца која влегла меѓу четирите најдобри на гренд слемот на трева, и доаѓа откако во март беше само на 250. место на ВТА листата. Во 46 гренд слем настапи досега, таа само еднаш го имаше минато првото коло.
Во полуфиналето, таа ќе се судри со Тунижанката Онс Жабер, која пак, е првата Арапка со пласман во полуфиналето во Лондон, по камбек-победата од 3:6/6:1/6:1 над Чехинката Мари Бузкова.