Top Sport

Серхио Рамос европски рекодер, кога се во прашање картоните

Капитенот на мадридски Реал Серхио Рамос има големо влијание врз играта на својот тим. Често во кариерата постигнувал клучни голови во завршните моменти, но статистичарите излегоа со податокот и за негативното вилијение кое често го има Рамос бидејќи лесно добива картони.

Серхио Рамос нема да го предводи својот тим на дуелот со Алавес, кој ќе одработи суспензија од еден натпревар поради жолтите картони.

На претходниот меч со Леганес во средата, картонот што го доби Рамос беше 274. во кариерата и според овој податок тој не е само шпански туку и европски рекордер.

Најмногу јавни опомени, што е и логично добил во Ла Лига. Како играч на Севилја и Реал тој бил опоменат 171 пат, 36 картони добил во Лигата на шампионите, а 20 во дресот на шпанската репрезентација.

Во Ла Лига, Серхио Рамос, добива картон во просек на 2,3 одиграни натпревари, во Лигата на шампионите на три натпревари, а во националниот тим на секои 7,4 натпревари.

Рамос во Ла Лига, во досегашната кариера, има добиено 19 црвени картони, или во просек добива црвен картон на секои 22 натпревари.

„Во Европа и во натпреварувањата што се под организација на ФИФА судиите се повеќе толерантни. Во Шпанија тоа не е случај“, објаснува капитенот на актуелниот европски и шпански шампион.

Scroll to Top