Top Sport

„Ноториус“ се теши на јахта со 5 милиони долари заработувачка

Конор Мекгрегор сакаше да покаже дека е победен, но не и „потопен“ по тврдењата дека кариерата му е уништена по поразот од Дастин Поаире на УФЦ 257. Одмарајќи се на својата јахта (со која пристигна во Абу Даби), тој прати порака до своите фанови дека се подготвува за „трилогија“ со Американецот.

„Благодарам на поддршката од сите. Ова не беше моја вечер/утро, но има големо натпреваруње да се подобрам. Возбуден сум од блокбастер трилогијата која е пред мене. Дастин е одличен натпреварувач и сакам повторно со него. Кревајќи ја ногата и духот на патот до дома. Благословени да сте, среќна недела“, напиша Мекгрегор.

Поразот и општиот потсмев од страна на ривалите не значи дека Ирецот ги загубил сите опции во кариерата.  Прво тој може да се утеши со заработувачката од 5 милиони долари (за разлика од милионот кој го доби победникот Поаире), а потоа и со најавите за боксерски меч (каде што парите се драстично поголеми) со филипинската легенда Мани Пакјао.

Мекгрегор „јадеше“ брутален нокаут во втората рунда!

Scroll to Top