Top Sport

Фенербахче со СМС-пораки ќе собира за платата на Озил

Претседателот на Фенербахче, Али Коч побара од фановите на истанбулскиот клуб да помогнат во плаќањето на платата на Месут Озил преку кампања за донации преку СМС пораки.

Германецот е во Истанбул, каде што се довршува документацијата за неговиот трансфер од Арсенал по прекинување на договорот со премиерлигашот. Тој заработуваше околу 20 милиони евра годишно во Арсенал, но ќе добие намалување на платата на околу 15 милиони евра, но Коч признава дека ќе биде помош и од фановите, кои ќе можат да донираат по 3 евра преку СМС-порака.

„Имаме барање до нашите навивачи. Продолжете да не поддржувате, бидејќи исто така зависиме од вашата финансиска поддршка. На денот на потпишувањето, ќе побарам од вас да срушите рекорд со СМС кампања. Можеби, 300.000, 500.000 или милион пораки. Со таква поддршка ќе помогнете“, вели Коч.

СМС порака во „Месутол кампањата“ ќе чини 3 евра и ќе се праќа на бројот 1907, годината во која е основан еден од најпопуларните турски клубови.

Scroll to Top