Top Sport

Нов дагестански „орел“ – Умар Нурмагомедов со супер-нокаут за нова победа

Умар Нурмагомедов повторно покажа зошто многумина го сметаат за нова УФЦ ѕвезда и вистински „наследник“ на својот братучед, Хабиб, откако имаше брутален нокаут над Раони Барселос во првата рунда од УФЦ Вегас 67.

Иако, Умар, слично како и Хабиб, претходно во своите мечеви во бантам категоријата покажа дека е мајстор за борење, во саботата во Лас Вегас, тој покажа дека има и пеколен удар и одлично движење, праќајќи го Барселос на подот со силен удар со левата рака. Откако противникот беше немоќен на подот, тој престана да го удира.

Нурмагомедов по мечот призна дека сака да има барем четири меча во 2023, со амбиција да го освои УФЦ појасот до следната година. Тој во моментов е 11-рангиран во бантам категоријата, и има 16 победи во ММА борбите (2 нокаути, 7 предавањаа и 7 победи на поени).

Scroll to Top