Јапонката Нао Кодаира постави нов олимписки рекорд (36.94 секунди) на трката на 500 метри, во брзо лизгање и го освои својот прв златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Кодаира стана правата натпреварувачка која на олимпијадите оваа делница ја минала за помалку од 37 секунди.
Кодаира за 39 стоинки ја победи светската рекордерка, репрезентативката на Јужна Кореја Санг-Хва Ли, која го освои второто место, а трета заврши Каролина Ербанова со стотинка полош резултат од второпласираната Корејка.
Ова е првата дисциплина во брзо лизгање на ЗОИ во која репрезентативките на Холандија не успеаја да освојат ниту еден медал. Најдобро пласирана од Холанѓанките беше олимписката шампионка на 1.000 метри Јориен тер Мос задоцни зад Јапонката за 59 стотинки.
Нао Кодаиро го освои вториот медал во Пјонгчанг, претходно беше втора на 1.000 метри. Јапонката има сребро и од ЗОИ во Ванкувер во 2010 година.