Top Sport

Нов шок во Мелбурн: Рибакина ја елиминира Ига Швјонтек

Светската тенисерка број еден Ига Швјонтек го заврши учеството на Австралија опен во четвртото коло откако загуби од Јелена Рибакина со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).

Рибакина успеа да ги скрати поените, беше одлична на сервис, па Швјонтек не можеше да влезе во посакуваниот ритам.

Во првиот сет Казахстанката загуби ран брејк, но навреме направи нов и потоа без проблем сервираше за водство од 1:0.

Единствениот мал пад го имаше на почетокот на вториот сет кога Швјонтек поведе со 3:0 во гемови. Сепак, Рибакина возврати силно, освои пет од последните шест гема и на крајот сервираше за победа.

Јелена Остапенко, која ја победи Коко Гоф со во сетови (7:5, 6:3) ја очекува Рибакина во четврт-финалето.

Американката пропушти многу можности во првиот сет. По раната размена на брејкови, Гоф имаше уште пет брејк шанси во два различни гема. Таа не ги искористи, а потоа при 5:6 во гемови и водство од 40:0 дозволи брејк.

Scroll to Top