Top Sport

Нов славенички пречек во Загреб, овојпат за Дејвис куп шампионите (галерија+видео)

Хрватите се „претплатија“ на спортски прослави, откако прво во текот на летото ја пречекаа сребрената фудбалска репрезетанација од Русија, а денеска го повторија тоа со пречекот на триумфалната Дејвис куп репрезентација.

Хрватска ја совлада Франција со 3:1 во Лил предводена од Марин Чилиќ и Борна Чориќ, по што прославата почна во францускиот град, каде што беа пречекани од хрватската иселеничка заедница и се славеше до рано наутро. По ова, тенисерите во 14 часот пристигнаа во Загреб, каде што на плоштадот „Бан Јелачиќ“ беа пречекани од неколку илјади навивачи.

„Бонжур Загреб! Ова е страшно, како да сонуваме. Ви благодариме на сите. Покажавме дека сме најдобри“, им се обрати на навивачите Чилиќ.


Scroll to Top